Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година и измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност

Почитувани,

Владата на РСМ на 14-тата седница одржана на ден 22.10.2020 година, го утврди Предлогот на Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година. Со овој закон, се уредуваат условите и постапката за добивање на финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите на работниците за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

На истата седница, утврден е и предлогот за Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Со предлогот на Законот за именување и дополнување на Законот на додадена вредност:

  • Од 1 јануари ќе се изврши ослободување од данок на додадена вредност за донации дадени кон буџетски корисници за справување со коронавирусот КОВИД-19.
  • Одложување на рокот за плаќање ДДВ заради ликвидносна поддршка на компаниите.
  • Заради олеснување на процесот на издавање, пренос и прием на фактура, ќе се даде можност за користење на фактура во електронска форма (pdf или друг електронски формат).
  • Од 01 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 10% за продавањето храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци.
  • Од 01 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 5% за определени занаетчиски услуги коишто се вршат од страна на занаетчии коишто се запишани во занаетчиски регистар.

Предлог законот за финансиска поддршка на работодавачите и предлог Законот за именување и дополнување на Законот на додадена вредност е дел од Пакетот 4 за справување со економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19.