Во Рафајловски консалтинг и ревизија препознаваме дека бизнисот ги надминува глобалните граници. За да останеме лидери во нашата струка и да продолжиме да им нудиме светски призната експертиза на нашите клиенти, Рафајловски консалтинг е членка на HLB International, здружение на професионални ревизорски и консалтинг куќи.

HLB е глобална мрежа од независни консултантски и ревизорски куќи. Нашето искуство со иновации, соработка и пред сè посветеност при давање поддршка на клиентите за нивното проширување надвор од нашите граници, ни укажа дека е потребно да станеме дел од тимот на HLB International. Преку влијанието на 29,363 професионалци во 158 земји, ја комбинираме локалната експертиза и глобалните капацитети за да одговориме на Вашите барања.

Фирмите-членки имаат воспоставено практики на високо професионално ниво и подлежат на контрола се со цел да се осигури дека тие одржуваат специфични професионални стандарди во однос на контрола на квалитетот, едукација на вработените, дисциплина во професионалниот развој.

Нашето здружување со HLB ни дава можност да учиме од нашите соработници во Европа, да добиеме увид во професионалните практики ширум светот и да им обезбедиме високо квалитетни услуги на нашите клиенти глобално.

За да ја посетите веб страницата на HLB International, кликнете овде