УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр.113/20 објави Измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи која ќе се применува за време на траење на вонредната состојба.

Со измените на уредбата се дополнува начинот на враќање на работа со спогодба, на работник кој работодавачот го одјавил од задолжително социјално осигурување во периодот од 11 Март 2020 година до 30 април 2020 година,

Со спогодбата, работодавачот се обврзува да ги подмири сите обврски кои произлегуваат од работниот однос од денот на одјавата на работникот од задолжително социјално осигурување до денот на склучувањето на спогодбата.


Пријавувањето на работникот во АВРСМ се врши најдоцна до 7 мај 2020 година.

Ако работникот не ја потпише спогодбата, работодавачот може на негово место да пријави ново лице од евиденцијата на невработени лица во АВРСМ и со истото да склучи договор за вработување и да го пријави во системот за задолжително социјално осигурување најдоцна до 7 Мај 2020 година.

Оваа уредба е поврзана со Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено - економската криза предизвикана од Kоронавирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.111/20...113/20) заради исполнување на условите за аплицирање на финансиска поддршка.