УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр.140/20 објави Уредба со законска сила за примена на Законот за вршење на сметководствени работи за време на вонредна состојба.

Со Уредбата, се пропишува рокот за исполнување на обврската за посета на обуката за континуирано професионално усовршување за сметководител односно овластен сметководител, за време на траењето на вонредната состојба.

Рокот за исполнување на обврската за посета на обуката за континуирано професионално усовршување од 60 часа за сметководител за период од три години односно 90 часа за овластен сметководител за период од три години, започната во 2017 година, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува 200 дена по престанокот на траењето на вонредната состојба.

Oбврската за посета на обуката за континуирано професионално усовршување од најмалку 10 часа во текот на една година за сметководител, односно од најмалку 20 часа за овластен сметководител, нема да се однесува за сметководителите односно овластените сметководители кои обуката за континуирано професионално усовршување ја започнале во 2018 и 2019 година.

Доколку сметководителот, односно овластениот сметководител кој започнал со посета на обуки за КПУ во 2017 година и кој до 31.12.2019 година посетил повеќе од 60 односно 90 часови обука за континуирано професионално усовршување, тие часови му се признаваат во следниот тригодишен циклус.