УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр.140/20 објави измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба.

Со измените и дополнувањата, се уредува дека, рокот за усвојување на ревидираните финанисиски извештаи од страна на собирот на содружници, односно собранието на друштво, со исклучок на друштвата чии хартии од вредност котираат на берза и друштва кои согласно Законот за хартии од вредност се со посебни обврски за известување, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењето на вонредната состојба, за онолку денови колку што траела вонредната состојба.“

Исто така со измените и дополнувањата се менува Членот 3 од Уредбата со кој се утврдува дека рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа, ревидираната годишна сметка, односно ревидираните финансиски извештаи за 2019 година, за големите и средни трговци организирани како акционерски друштва и за големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност, со исклучок на друштвата чии хартии од вредност котираат на берза и на друштвата кои согласно Законот за хартии од вредност се со посебни обврски за известување, до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењето на вонредната состојба, за онолку денови колку што траела вонредната состојба.

Ажуриран текст на уредбата можете да преземете на следниот линк (преземи)