УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр.128/20 објави дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба.

Со дополнувањата, Уредбата ќе се применува за време на траење на вонредната состојба како и 90 дена по престанување на траењето на вонредната состојба и тоа за:
  • Издавање на фактурите во електронска форма од страна на даночните обврзници
  • Ослободување од ДДВ на прометот на добра и услуги кои како донација се дадени на буџетски корисник за справување со Коронавирусот Covid-19.
Во прилог на ова известување Ви даваме ажуриран текст на Уредбата со законска сила за примена на Законот за ДДВ (преземи)