УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДОНАЦИИ И ЗА СПОНЗОРСТВА ВО ЈАВНИТЕ ДЕЈНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр.140/20 објави дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности за време на вонредна состојба.

Со дополнувањето на уредбата се уредува дека, донесените одредби во Уредбата со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности ќе се применуваат за време на траење на вонредната состојба, како и по престанувањето на траењето на вонредната состојба до 31.12.2020 година.

Ажуриран текст на уредбата можете да преземете на следниот линк (преземи)