УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА ПОСТАПКА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Почитувани,

Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр.140/20 објави дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба.

Со дополнување на Уредбата, се уредува дека Управата за јавни приходи нема да издава опомена за плаќање на данок и нема да отпочнува постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 Јуни 2020 година и тоа за:

  • даночен долг кој е доспеан, а неплатен, и за кој не се отпочнати постапки на присилна наплата;
  • даночен долг по сите основи кој ќе доспее во месеците мај и јуни 2020 година и
  • судски такси и парични казни, односно глоби и трошоци изречени во парнични, прекршочни, кривични и управни постапки во корист на Република Северна Македонија, а кои ги наплатува Управата за јавни приходи, кои се доспеани, а неплатени, и за кои не е отпочната постапка на присилна наплата.“