УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО- ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ COVID-19 ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Почитувани,
 
Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр.156/20 објави измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19.

Со измените и дополнувањата на физичките лица - самостојни вршители на дејност им се овозможува користење на мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари и за месец Јуни 2020 година.

Со измените и дополнувањата за самостојниот вршител на дејност кој се оданочува според вистински доход да оствари право на финансиска поддршка за месец Јуни е потребно:

 
  • намалувањето на вкупните приходи на физичкото лице од вршење на самостојна дејност - барател на финансиска поддршка, во месец мај 2020 година да изнесува повеќе од 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени од самостојна дејност во 2019 година,
  • за физичко лице кое врши самостојна дејност - барател на финансиска поддршка кое е запишано во соодветен регистар (основан) после месец март 2019 година, вкупните приходи од самостојна дејност за месец мај 2020 година да се помали за најмалку 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени од самостојна дејност од денот на запишувањето во соодветен регистар во 2019 година и месеците јануари и февруари 2020 година,
  • за физичко лице кое врши самостојна дејност - барател на финансиска поддршка, кое врши дејност од сезонски карактер, намалувањето на просечните приходи од самостојна дејност за последниот сезонски период од четири  месеци споредено со просечните приходи од самостојна дејност за сезонскиот период од истите четири месеци во претходната година да изнесува повеќе од 30 %.“
Во прилог кон измените и дополнувањата е новиот образец Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност“ БФС-СВД/1