СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ЗА ВРАБОТЕНИ ВО МЕДИУМИТЕ

Почитувани,

Врз основа на Уредбата со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите на работодавачот - медиумза секој осигуреник за месец јуни, јули и август 2020 година му се субвенционира 100% од износот за исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување.

За остварување на правото за субвенционирање, работодавачот- медиум со комплетно Барање за субвенционирање на исплата на придонеси од задолжително социјално осигурување (образец БС-ПЗСОМво Месечната пресметка за интергрирана наплата (МПИН образец) за осигуреникот за кој бара субвенционирање на плаќањето на придонеси во полето 3.23 внесува шифра 630.
За поднесување на пресметката преземете ја новата верзија на 
клиентски софтвер.

Соопштение на УЈП (отвори)