РЕГИСТРАЦИЈА И ДЕРЕГИСТРАЦИЈА ЗА ДДВ

Почитувани,

Согласно последните измени и дополнувања на Законот за ДДВ објавени во „Службен весник на РСМ“ бр.275/19, се даде можност на сите даночни обврзници кои веќе се регистрирани за целите на ДДВ и чиј вкупен промет во календарската 2019 година не го надминал износот од 2.000.000 денари да поднесат пријава за отповикување на регистрација за данокот на додадена вредност.

Пријавата за отповикување на регистрација за данокот на додадена вредност (Образец ДДВ-01Б) се поднесува најдоцна до 15-ти јануари 2020 година до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма преку http://etax.ujp.gov.mk

Новиот образец ДДВ-01Б можете да го преземете на следниот линк (преземи)

РЕГИСТРАЦИЈА

За даночните обврзници (правни и физички лица), кои во претходната календарска година оствариле вкупен промет оданочив со ДДВ, повисок од 2.000.000 денари, имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност образец ДДВ-01 најдоцна до 15 јануари 2020 година.

Во истиот рок (15 Јануари 2020 година), Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност образец ДДВ-01 можат да достават и даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност.

Пријавата за регистрација за данокот на додадена вредност може да се достави по пошта, лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник) или по електронски пат http://etax.ujp.gov.mk

Новиот образец на пријава ДДВ-01 објавен во „Службен весник на РСМ бр.279/19 можете да го преземете на следниот линк (преземи)