ПОДАТОЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ЗА 2020 ГОДИНА

Почитувани,

Согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување „Службен весник на РМ“ бр.142/08...247/18 стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување од плата за 2020 година изнесуваат:

 

Вид на придонес

Стапка
2020

Задолжително пензиско и инвалидско осигурување

18,8%

Задолжително здравствено осигурување

7,5%

Дополнителен придонес за здравствено осигурување
за случај на повреда на работа и професионално заболување

0,5%

Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност

1,2%

 

Лично ослобдување за 2020 година

Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2020 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ:

  1. Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во износ од 98.736,00 денари.
  2. Даночното намалување при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата и пензија, на месечно ниво во износ од 8.228,00 денари.

Нова верзија на клиентски софтвер

За да можете да ја поднесете пресметката за плата за месец Јануари 2020 година, потребно е да ја преземете најновата верзија на “МПИН“ клиентскиот софтвер (од 31.12.2019 година), преку веб страницата на УЈП (преземи).