ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА АКОНТАЦИЈА НА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД ЗА МЕСЕЦИТЕ ЈУНИ И ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

Почитувани,
 
Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр.169/20 објави измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба.
Со измените и дополнувањата, дадена е можност на даночните обврзници (самостојни вршители на дејност) кои ги исполнуваат условите согласно уредбата да се ослободат од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и за месеците јуни и јули 2020 година.
Претходното Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход е заменето со НОВО БАРАЊЕ.

Ажуриран текст на уредбата можете да преземете на следниот линк (преземи)