ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА АКОНТАЦИЈА НА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦИТЕ ЈУНИ И ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

Почитувани,
 
Владата на РСМ во „Службен весник на РСМ“ бр.169/20 објави измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба.
Со измените и дополнувањата, дадена е можност на даночните обврзници кои ги исполнуваат условите согласно уредбата да се ослободат од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка и за месеците јуни и јули 2020 година.

Со измените, забраната за исплатување на дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, се продолжува до 15 Август 2020 година.

Претходното Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка е заменето со ново барање.

Ажуриран текст на уредбата можете да преземете на следниот линк (преземи)