ОНЛАЈН СЕМИНАР - ОКТОМВРИ 2020 ГОДИНА

Почитувани,

Рафајловски Консалтинг во месец октомври ќе организира онлајн советувања (webinars) на тема „Предизвици на сметководителите во справувањето со пандемијата предизивкана од корона вирусот“.

За таа цел ве покануваме да присуствувате на онлајн советувањата кои ќе се одржат во два термини и тоа на:

28 Октомври 2020 година со почеток во 10.00 часот

29 Октомври 2020 година со почеток во 10.00 часот

Предмет на онлајн советувањата ќе бидат теми од областа на сметководството и примената на МСС/МСФИ и МСФИ за МСЕ, даночната регулатива, трговското и деловното право, облигационите односи како и други актуелни теми поврзани со тековната ситуација со коронавирусот.

Програмата и темите се дадени во прилог на крајот од ова известување. (*Напомена: На 28 и 29 Октомври ќе се обработуваат истите теми)

Пријавувањето за учество на онлајн семинарите се врши преку пристапување на линк, за пополнување на пријава за регистрација за учество која се наоѓа на нашата веб страна (oтвори регистрација).

Се што е потребно да направите, е да се регистрирате за присуство со кликнување на линкот (отвори регистрација). Со испраќање на регистрацијата, на Вашиот е-маил ќе пристигне потврда за регистрација како и про-фактура по која е потребно да извршите плаќање за присуство на онлајн семинарот. Исто така на вашата е-mail адреса која е пријавена при пополнување на апликацијата за присуство, ќе добиете детално упатство како да се приклучите за следење на онлајн семинарот, како и линк за следење на истиот.

Онлајн семинарите ќе се одржат преку апликацијата zoom која единствено пред почетокот на онлајн семинарот како апликација (Zoom Client for Meetings) ќе биде потребно да ја преземете и инсталирате на вашиот компјутер (преземи апликација)

Неколку минути пред почетокот на семинарот можете да се приклучите за да го следите истиот.

Надоместокот за присуство на онлајн семинарот изнесува 2.360 денари со вклучен ДДВ. (*Напомена: Ве молиме при плаќањето да се повикате на бројот на генерираната про-фактура)

Регистрација: https://rafajlovski.com.mk/aplikacija-obuka.nspx

Програма: http://rafajlovski.com.mk/content/Programa-termini-KPU-Oktomvri-2020-webinar.pdf