ОНЛАЈН СЕМИНАР - 04 НОЕМВРИ 2020

Почитувани,

Поради големиот интерес за одржаните онлајн семинари, Рафајловски Консалтинг организира нов online семинар кој ќе се одржи на 04.11.2020 година.

Предмет на online семинарот закажан на 04.11.2020 ќе бидат ќе бидат теми поврзани со новите финансиски поддршки за работодавачите за исплата на плата, самостојните вршители на дејност како и измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност кои се дел од 4-тиот сет на економски мерки кои ги носи Владата за справување со кризата предизвикана од коронавирусот. Дополнително останатите теми се од областа на сметководството и примената на МСС/МСФИ и МСФИ за МСЕ, даночната регулатива, трговското и деловното право, облигационите односи како и други актуелни теми поврзани со тековната ситуација со коронавирусот.

Програмата и темите се дадени во прилог на крајот од ова известување.

Пријавувањето за учество на онлајн семинарите се врши преку пристапување на линк, за пополнување на пријава за регистрација за учество која се наоѓа на нашата веб страна (oтвори регистрација)

Се што е потребно да направите, е да се регистрирате за присуство со кликнување на линкот (отвори регистрација). Со испраќање на регистрацијата, на Вашиот е-маил ќе пристигне потврда за регистрација како и про-фактура по која е потребно да извршите плаќање за присуство на онлајн семинарот. Исто така на вашата е-mail адреса која е пријавена при пополнување на апликацијата за присуство, ќе добиете детално упатство како да се приклучите за следење на онлајн семинарот, како и линк за следење на истиот.

Онлајн семинарите ќе се одржат преку апликацијата zoom која единствено пред почетокот на онлајн семинарот како апликација (Zoom Client for Meetings) ќе биде потребно да ја преземете и инсталирате на вашиот компјутер (преземи апликација).

Неколку минути пред почетокот на семинарот можете да се приклучите за да го следите истиот.

Надоместокот за присуство на онлајн семинарот изнесува 2.360 денари со вклучен ДДВ.

(*Напомена: Ве молиме при плаќањето да се повикате на бројот на генерираната про-фактура)

Регистрација: https://rafajlovski.com.mk/aplikacija-obuka.nspx

Програма: http://rafajlovski.com.mk/content/Programa_KPU_Noemvri_2020_webinar.pdf