ОЛАБАВУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ COVID-19

Почитувани,

Владата на РСМ донесе Oдлука за изменување и дополнување на одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 објавена во (“Службен весник на РСМ“ 123/20).

Со оваа Одлука од 13 Мај 2020 година дозволено е започнување со работа со задолжително почитување на протоколи дадени во прилог на одлуката и тоа:
  • спортските обложувалници и другите уплатно - исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалниците, со работа и давање на услуги преку штанд/пункт/шалтер
  • работни активности во центрите за едукација, обуки и семинари за возрасни, организации на седници на органи на управување и конференции и академии за едукативни активности
  • работни активности во моловите на територија на РС Македонија
  • одржување на настава и спроведување на обуките и испитите во испитните центри од страна на школите за обука на возачи
  • спортски тренинзи на отворено, исклучиво за поединечни спортови и тенис

Ажуриран текст на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19 (преземи)