ОДЛУКА НА УСТАВЕН СУД ЗА ПОНИШУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА ПОСТАПКА

Почитувани,

Уставниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на 24 Јуни 2020 година донесе одлука која е објавена во („Службен весник на Република Северна Македонија” број 183/20)  за поништување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 79/2020).

Со Уредбата се утврдуваше:

  1. На износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки освен каматата, се пресметува и наплатува, односно плаќа камата во висина од 0,015% (наместо 0,03%) за секој ден задоцнување. Оваа одредба требаше да се применува за време на вонредната состојба, како и 60 дена по престанувањето на траењето на вонредната состојба.
  2. УЈП нема да издава опомена за плаќање на данок и да отпочнува постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба како и по престанокот на траењето на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година
  3. Управата за јавни приходи нема да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови за месеците април, мај и јуни 2020 година.