Р-РЕГИСТАР
Е-ПРОПИСИ
Е-ПОШТА
Контакт
Choose language:
Нашиот тим
Консалтинг
Консалтинг
сметководствен консалтинг
арбитражни застапувања
изработка на општи акти
регистрација на компании
изработка на бизнис планови
проценка на капитал
РЕВИЗИЈА
Профил на Рафајловски Ревизија
Прашалник за изработка на понуда
Извештај за транспарентност
Достигнувања
Контакти
HLB International
КОНТАКТИ
Нашиот тим
Консалтинг
Консалтинг
сметководствен консалтинг
арбитражни застапувања
изработка на општи акти
регистрација на компании
изработка на бизнис планови
проценка на капитал
РЕВИЗИЈА
Профил на Рафајловски Ревизија
Прашалник за изработка на понуда
Извештај за транспарентност
Достигнувања
Контакти
HLB International
КОНТАКТИ
Р-РЕГИСТАР
Е-ПРОПИСИ
Е-ПОШТА
Дома
»
Вести 2020
Вести
Почитувани комитенти,
Сериозно чудно време. Едноставно светот се преврти наопаку. Ни покажа колку сето тоа што претставува секојдневие може да се скрши лесно како никогаш да не било и да не однесе во некој нов правец којшто ниту сме го замислувале, а уште помалку посакувале.
Сепак како и сите, така и ние слепо се држиме за единственото нешто што го познаваме, а тоа е секојдневието, и покрај фактот што ништо од тоа едноставно не ни се случува. Едно е сигурно, имаме доволно време работите да ги согледаме од перспектива која не е оптоварена со секојдневие, проблеми кои сме сметале дека се огромни, а се покажуваат како минорни и несуштински. Затоа, сè што можам да посакам за сите нас е добро здравје, како физичко така и ментално, многу сила и храброст за да се истера сето ова, а на крајот и трошка среќа за да остане онаа надеж и сила што ни е потребна да го надминеме сето ова.
Како и Вие, така и ние продолжуваме со работа и во овој број на списанието Репрезент започнуваме со темата која најмногу одговара на ситуацијата, а тоа е виша сила, случај и нужда во должничко-доверителските односи. Продолжуваме со нашата алатка од секојдневието, а тоа се мобилните телефони од аспект на нивниот сметководствен и даночен третман.
Од областа на даноците започнуваме со оданочувањето на капиталните добивки согласно Законот за данокот на личен доход, а продолжуваме со донации и спонзорства во јавните дејности.
Од областа на платите и надоместоците ја обработуваме темата за надоместок на трошоците за користење на сопствен автомобил на вработен за потребите на работодавачот.
Продолжуваме со архивирање и чување на сметководствените документи, како и со сè повеќе растечката ситуација што за жал ни се случува во време на корона кризата, а тоа е отказот на договорот за вработување.
Банките се застапени со темата за утврдување на нивото на нивниот редовен основен капитал, а буџетите и буџетските корисници со темата за укинување на уредбите што се донесени за време на вонредната состојба заради пандемијата COVID-19, а се однесуваат за надоместоците во јавниот сектор.
Уште еднаш сакам да Ви посакам добро здравје и што подобро да го искористите периодот за годишните одмори, да се одморите од секојдневието, да можеме со нови сили да ја започнеме есента и да ги совладаме сите потешкотии што не очекуваат до крајот на оваа година.
Со почит,
Др. Горан Рафајловски
Вести
Вести 2021
Вести 2020
Вести 2019
Вести 2018
Вести 2017
Вести 2016
Вести 2015
Вести 2014
Вести 2013
Вести 2012
Вести 2011
Пријава за Oнлајн семинар - Јануари/Февруари 2021
Понуда зa годишна претплата 2021
ПОРТФОЛИО - РАФАЈЛОВСКИ
КОНСАЛТИНГ И РЕВИЗИЈА