Р-РЕГИСТАР
Е-ПРОПИСИ
Е-ПОШТА
Контакт
Choose language:
Нашиот тим
Консалтинг
Консалтинг
сметководствен консалтинг
арбитражни застапувања
изработка на општи акти
регистрација на компании
изработка на бизнис планови
проценка на капитал
РЕВИЗИЈА
Профил на Рафајловски Ревизија
Прашалник за изработка на понуда
Извештај за транспарентност
Достигнувања
Контакти
HLB International
КОНТАКТИ
Нашиот тим
Консалтинг
Консалтинг
сметководствен консалтинг
арбитражни застапувања
изработка на општи акти
регистрација на компании
изработка на бизнис планови
проценка на капитал
РЕВИЗИЈА
Профил на Рафајловски Ревизија
Прашалник за изработка на понуда
Извештај за транспарентност
Достигнувања
Контакти
HLB International
КОНТАКТИ
Р-РЕГИСТАР
Е-ПРОПИСИ
Е-ПОШТА
Дома
»
Вести 2020
Вести
Почитувани комитенти,
Одамна посакувам да објавам, од денес ќе започнеме со нормалниот живот, но за жал ќе треба да се почека до тој момент. Оттаму и Владата донесе четврт сет на економски мерки кои треба да му помогнат на стопанството, но за нас сметководителите тоа ќе биде поголема работа и евентуално проблеми во практичната примена на мерките. Не дај боже ова ако потрае подолго и да треба да доживееме пети и шести сет на мерки, ќе го изгубиме делот кој се нарекува нормален живот, односно секојдневие на кое бевме навикнати. Да не носиме маски и постојано да не ни се замаглуваат наочарите додека дишеме под маска и покрај тоа што недобро гледаме. Но како се вели, тоа е живот и после секој дожд ќе изгрее сонце, па оттаму на сите од срце Ви посакувам пред се добро здравје за да го поминеме ова време невреме.
Октомвриското списание се разбира го започнуваме со информации за четвртиот сет на економски мерки кои Владата ги најави, а најголемиот дел од нив сеуште не се донесени.
Од областа на сметководството ја разработуваме темата за запишаната, а неуплатена основна главнина која е чест проблем при примена на Законот за трговските друштва од аспект на сметководствената евиденција. Продолжуваме со асигнација и преземање на долг, најчесто во случај кога компаниите имаат блокирани сметки како и сите специфики кои произлегуваат од истите.
За даноците Ви даваме за фактура и напомена во фактура за извршениот промет за целите на ДДВ; специфичностите на прометот на добра и услуги кон и од технолошко индустриски развојни зони од аспект на даночните и царинските ослободувања, како и за останатите даноци, претходните даноци и износите за одбивање, со цел правилно пополнување на полето 27 од Образецот ДДВ-04.
За работните односи ја обработуваме темата за прекувремена работа, а за платите и надоместоците опфатени се специфичностите во однос на надоместокот на трошоците за работа на терен, како и пресметката на придонесите за самовработените лица.
Последната тема е за осигурувањето во однос на заштитата од обезвреднување на средствата на техничките резерви и кај математичката резерва кај друштвата за осигурување.
Задоволство ми е да ги најавам
Советувањата кои ќе се одржат на 28 и 29 Октомври со професионалната Zoom алатка, без никакво ограничување на бројот на присутните
, со комплетна интеракција на сите присутни во живо или по пат на испратена порака за време на предавањата на платформата, на која ќе се одржуваат онлајн советувањата. Голем дел од Вас досега директно присуствуваа на двете бесплатни онлајн Советувања кои ги одржавме со професионалната Zoom алатка. Исто така овие советувања ги прегледаа повеќе од 500 луѓе на YouTube каналот како снимка.
ПОЧИТУВАНИ, да се прилагодиме на новото време.
Секогаш за Вас и со Вас, Рафајловски Консалтинг.
Со почит,
Др. Горан Рафајловски
Вести
Вести 2021
Вести 2020
Вести 2019
Вести 2018
Вести 2017
Вести 2016
Вести 2015
Вести 2014
Вести 2013
Вести 2012
Вести 2011
Пријава за Oнлајн семинар - Јануари/Февруари 2021
Понуда зa годишна претплата 2021
ПОРТФОЛИО - РАФАЈЛОВСКИ
КОНСАЛТИНГ И РЕВИЗИЈА