ЈАВЕН ПОВИК ДО КРЕДИТОКОРИСНИЦИТЕ НА ОДОБРЕНИ КРЕДИТИ ОД ПОСЕБНИОТ КРЕДИТЕН ФОНД (ПКФ) – КОВИД 1

Почитувани,

Развојна банка на својата веб-страница објави јавен повик со кој се нуди можност за корисниците на кредити од првата бескаматна кредитна линија Ковид 1 да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата за 3 месеци.

Јавниот повик ќе трае 7 дена, заклучно со 14 октомври 2020 година.

Линк до јавниот повик: https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/668-javen-povik-do-kreditokorisnicite-na-kovid1?fbclid=IwAR2meygVgQooJ9qrkDFZAjx9tP9Lw4IzS9t_6LHdx5tYLvtPcdpOoRuLY20

Со оваа мерка, преку Развојната банка на Република Северна Македонија, на постоечките корисници на кредитни линии од оваа банка, ќе им бидат обезбедени дополнителни 3 месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.

Бескаматната кредитна линија Ковид 1 на РБРСМ во вредност од 5,5 милиони евра, беше наменета за најпогодените дејности на почетокот на ковид кризата, односно за угостителстката, транспортната и туристичката дејност.

Од оваа линија беа одобрени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат 6.509 лица.

Од нив, 77% беа микро, 21% мали компании а 2% средни компании.

Ова е прва од мерките од 4-тиот пакет економски мерки.