ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ФЗОРСМ ЗА ОСИГУРЕНИЦИТЕ КОИ СЕ ВО ИЗОЛАЦИЈА

Почитувани,
 
Фондот за здравствено осигурување на својата веб страна објави соопштение за начинот и постапката на кој лицата кои се во изолација го оправдуваат отсуството од работа.

Согласно соопштението, осигурениците кои се во изолација не треба да отвораат боледување кај матичниот лекар.

Отсуството од работа можат да го оправдаат со решение за изолација издадено од Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) или со потпишана лична изјава поткрепена со било каков доказ што докажува, односно посочува дека истиот треба да биде во изолација.