ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА УРЕДБАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ЗАРАДИ ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ ЗА МЕСЕЦ АПРИЛ И МАЈ 2020 ГОДИНА

Почитувани,

Владата на РСМ во многу краток рок донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19 заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година. Измените и дополнувањата се објавени во „Службен весник на РСМ“ бр.113/20

Со измените и дополнувањата:
  • Се допрецизира делот за исплата по основ на награда за деловна успешност на работодавачот на вработените и органите на управување и надзор;
  • Репер месец за бројот на вработени се зема АПРИЛ, наместо Mарт, и се допрецизираат условите во однос на бројот на вработени, односно не смее да се намалува, освен заради:
    • пензионирање и смрт на работник,
    • откажување на договорот за вработување од страна на работникот,
    • откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски,
    • спогодбено преземање на работник,
    • престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда и
    • престанување на важноста на договорот за вработување поради утврдена трајна неспособност за работа.
Уредбата определува дека вкупниот број на вработени на кои по овие основи би им бил прекинат или завршен работниот однос, заклучно со месец јули 2020 година не смее да биде повеќе од 5% кaj голема компанија (над 250 вработени), 10% кај средна (51 до 250 вработени) и 15% кај мирко и мала (до 50 вработени).

Изменетиот образец БФП-ИП веќе е поставен на системот на е-даноци во делот ПОДНЕСОЦИ - ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ - ПРИДОНЕСИ.