ДОПОЛНЕТ И ИЗМЕНЕТ ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ПОГДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО - ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ COVID-19, ЗАРАДИ ИСПЛАТА НА ПЛАТИТЕ ЗА МЕСЕЦИТЕ ОКТОМВРИ, НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА

Почитувани,

На пленарната седница на Собрание на РСМ доставен е дополнет предлог на Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено - економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година со кои измени и дополнувања:
  1. Се продолжува рокот за доставување на „Барањето за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците“ до 10-ти во месецот за претходниот месец (претходно 7-ми)
  2. Се менува референтниот период за утврдување на пад на приходите за остварување на правото за користење на финансиска поддршка односно:
    1. за месец октомври 2020 година (април 2019 - септември 2019 во однос април - септември 2020)
    2. за месец ноември 2020 година (април 2019 - октомври 2019 во однос април 2020 - октомври 2020)
    3. за месец декември 2020 година (април 2019 - ноември 2019 во однос април 2020 - ноември 2020)
  3. Се менува референтниот период за утврдување на пад на приходите за обврзниците регистрирани после септември 2019 година, односно намалувањето на вкупните приходи намалени за одделни еднократни приходи кои не произлегуваат од редовното работење на работодавачот остварени во месец септември 2020, октомври, 2020 или ноември 2020 година да изнесува најмалку 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи намалени за одделни еднократки приходи остварени од денот на запишувањето во соодветен регистар до месецот за кој се бара финансиска поддршка.
  4. Услов бројот на вработени во месецот за кој се бара финансиска поддршка да е ист или поголем со бројот на вработени заклучно со месец август 2020 година со исклучок на одјавените работници по основ на:
    1. пензионирање и смрт на работник;
    2. откажување на договорот за вработување од страна на работникот;
    3. Откажување на договрот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски;
    4. Спогодбено преземање на работник;
    5. Престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда; и
    6. престанување на важноста на договорот за вработување поради утврдена трајна неспособност за работа.