БАРАЊЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ПЛАТИ НА РАБОТНИЦИТЕ

Почитувани,

Во „Службен весник на РСМ“ бр.268/20 се објави Правилникот за формата и содржината на Барањето за финансиска поддршка за исплата на плати на работниците „БФП-ИП/2.

Дополнително во истиот Службен весник е објавено и Барањето за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност „БФС-СВД/2.

Барателот на финансиска поддршка, барањата ги поднесува преку системот на е-Даноци или ситемот на е-Персонален данок за самостојните вршители на дејност.

Барањето за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците е објавено на е-Даноци во делот ПОДНЕСОЦИ - ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛУГИ - ПРИДОНЕСИ - БФП-ИП/2.

Службениот весник можете да го преземете на следниот линк (преземи)