БАРАЊАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА МЕСЕЦ ЈУНИ 2020 СЕ ПОСТАВЕНИ НА СИСТЕМОТ Е- ДАНОЦИ и Е-ПДД

Почитувани,

Управата за јавни приходи на својата веб страна објави соопштение со кое ги известува даночните обврзници дека Барањата за финансиска поддршка за месец Јуни 2020 се поставени на системот Е-даноци и Е-ПДД.

Соопштението Ви го даваме во прилог:

„Согласно измените и дополнувањето на Уредбите со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите и самостојните вршители на дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот, заради исплата на платите за месеците април, мај и јуни 2020 година, компаниите и самостојните вршители на дејност мерката 14.500 може да ја користат и во јуни 2020 година.

За таа цел Управата за јавни приходи ги изготви и постави на системот е-Даноци образецот БФП-ИП/1 со кои се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за компании, и го изготви и постави на системот е-ПДД образецот БФС-СВД/1 со кое се побарува финансиската поддршка за исплата на плати за месец јуни 2020 за самостојните вршители на дејност.

Во изминатиот период мерката за финансиска поддршка ја искористиле:

  • За април 2020 година вкупно 19.696 работодавачи , односно 5.707 самостојни вршители на дејност.
  • За мај 2020 година вкупно 19.730 работодавачи, односно 5.814 самостојни вршители на дејност.“

Корисни информации: