11 - ТА СЕДНИЦА НА ВЛАДА, УСВОЕНИ ПРЕДЛОГ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОЧНА ПОСТАПКА

Почитувани,

Владата на РСМ на 11-тата седница одржана на ден 13.10.2020 година, го утврди текстот на измените и дополнувањата на Законот за даночна постапка. Со предлог измените и дополнувањата се предлага да се изврши намалување на казнена камата за помалку или повеќе платени јавни давачки од 0,03% на 0,015%. Намалувањето на казнената камата се предвидува да важи од стапување во сила на овој Закон, до крајот на месец март 2021 година.

Предлог измените и дополнувањата на Законот за даночна постапка со кои се намалува казнената камата се дел од мерките од четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.