Вести 2023

Одлука за изменување на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и мало

Во „Службен весник на РСМ“ број 237 од 09.11.2023 година објавена е измена на Одлуката за определување на највисоки цени...

Почитувани,
 
Во „Службен весник на РСМ“ број 237 од 09.11.2023 година објавена е измена на Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало.
 
Со измените, продолжен е рокот на примена на одлуката и тоа до 31 Декември 2023 година.
 

Извршена е измена на листата на пијалоци, па така со оваа одлука се определуваат највисоките цени во трговијата на големо и трговијата на мало на следните производи:

- светло пиво во пакување од 1,5 l во шише;
- газирани пијалоци (сокови) во пакување над 1 l во шише;
- негазирани пијалоци (сокови) во тетрапак пакување и
- минерална, газирана и негазирана природна изворска вода во пакување над 1 l во шише.

 

Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба) кои се применувале на 19 септември 2023 година, во трговијата на големо, кои цени се намалуваат најмалку за 10%.

 

Трговците за вршење дејност трговија на мало, се должни да ги утврдат цените во трговијата на мало за производите од член 1 од оваа одлука согласно висината на процентот од членот 2 од оваа одлука.

 

Трговците за вршење дејност трговија на мало, производите oд член 1 од оваа одлука, кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”, кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија.

Измените на Одлуката влегуваат во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РСМ“ односно од 10.11.2023 година.

 
Измената  на Одлуката можете да ја преземете на следниот линк (преземи)

Со почит,
Рафајловски Консалтинг

scrol to top