ОНЛАЈН СЕМИНАР - „ПОДГОТОВКА НА ГОДИШНА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ЗА 2020 ГОДИНА“

 

Почитувани колеги,

Рафајловски Консалтинг во месеците јануари и февруари организира еднодневни онлајн семинари (webinars) на тема „Изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи за 2020 година“.

За таа цел ве покануваме да присуствувате на онлајн семинарите кои ќе се одржат во три термини и тоа на:
  • 27 Јануари 2021 година со почеток во 09.30 часот
  • 03 Февруари 2021 година со почеток во 09.30 часот
  • 10 Февруари 2021 година со почеток во 09.30 часот
Онлаjн семинарите ќе започнат во 09:30 и ќе траат до 16:30.

Со присуство на онлајн семинарите се стекнувате со 8 КПУ часа согласно Законот за вршење на сметководствени работи.

Важно: Присутните учесници на семинарот, по завршување на семинарите ќе го добијат специјалното издание Репрезент за „Составување на годишна сметка и финансиски извештаи за 2020 година“ во печатена форма.

Репрезентот ќе биде испратен по пошта на адресата која е наведена во регистрацијата за присуство на семинарот.

Семинарите кои ќе се одржат во месеците јануари и февруари ќе обработуваат теми од следните области:
  1. Подготовка на годишна сметка за 2020 година (за трговски друштва, самостојни вршители на дејност, непрофитни организации и други видови субјекти)
  2. Подготовка на финансиски извештаи за 2020 година
  3. Утврдување и пресметка на данокот на добивка и поднесување на образец ДБ и образец ДБ-ВП
  4. Пресметка на плата и надоместоци од плата за 2021 година
  5. Актуелни теми поврзани со законските измени од областа на сметководството и даноците, деловното и трговското право
  6. МСС/МСФИ и МСФИ за МСЕ
  7. Други теми
Пријавувањето за учество на онлајн семинарите се врши преку пристапување на линк, за пополнување на пријава за регистрација за учество која се наоѓа на нашата веб страна (oтвори регистрација)
Се што е потребно да направите, е да се регистрирате за присуство со кликнување на  линкот (отвори регистрација). Со испраќање на регистрацијата, на Вашиот е-маил ќе пристигне потврда за регистрација како и про-фактура по која е потребно да извршите плаќање за присуство на онлајн семинарот. Исто така на вашата е-mail адреса која е пријавена при пополнување на апликацијата за присуство, ќе добиете детално упатство како да се приклучите за следење на онлајн семинарот, како и линк за следење на истиот.

Онлајн семинарите ќе се одржат преку апликацијата ZOOM која единствено пред почетокот на онлајн семинарот како апликација (Zoom Client for Meetings)
 ќе биде потребно да ја преземете и инсталирате на вашиот компјутер (преземи апликација)

Неколку минути пред почетокот на семинарот можете да се приклучите за да го следите истиот.


Надоместокот за присуство на онлајн семинарот изнесува 2.360 денари со вклучен ДДВ. (*Напомена: Ве молиме при плаќањето да се повикате на бројот на генерираната про-фактура)
РЕГИСТРАЦИЈА