НОВ ИЗНОС НА МИНИМАЛНА ПЛАТА ПОЧНУВАЈЌИ ОД МЕСЕЦ ЈУЛИ 2020 ГОДИНА

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно објавата на Министерството за труд и социјална политика објавена во „Службен весник на РСМ“ бр.75/20 и Уредбата со законска сила за примена на Законот за минимална плата „Службен весник на РСМ“ бр.88/20, износот на минимална плата почнувајќи од месец Јули 2020 година во бруто износ изнесува 21.776 денари.

Врз основа на тоа износот на минималната нето плата изнесува:

 
Р. бр.ОписСтап­каИз­нос
1Бру­то пла­та 21.776
2При­до­не­си за за­дол­жи­тел­но ПИО18,8%4.094
3При­до­не­си за за­дол­жи­тел­но здрав­стве­но оси­гу­ру­ва­ње7,5%1.633
4До­пол­ни­те­лен при­до­нес за за­дол­жи­тел­но оси­гу­ру­ва­ње во слу­чај по­вре­да и про­фе­си­о­нал­но за­бо­лу­ва­ње0.5%109
5При­до­нес за за­дол­жи­тел­но оси­гу­ру­ва­ње во слу­чај на не­вра­бо­те­ност (при­до­нес за вра­бо­ту­ва­ње)1,2%261
6Вкуп­ни при­до­не­си28%6.097
7Бру­то пла­та на­ма­ле­на за при­до­не­си (7=1-6) 15.679
8Лич­но ос­ло­бо­ду­ва­ње 8.228
9Да­ноч­на ос­но­ва за прес­ме­тка на данок на личен доход 7.451
10Да­нок на личен доход10%745
11Не­то пла­та (11=1-6-10) 14.934