ОБЈАВЕНО НА 14.02.2019 ГОДИНА

 

АКОНТАЦИЈА ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ ЈАНУАРИ 2019 ГОДИНА

Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Јануари 2019 година изнесува 2.6%. Врз основа на наведеното месечната аконтација за месец Јануари 2019 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2018 година зголемена за 2.6%.

ОБЈАВЕНО НА 30.01.2019 ГОДИНА

 

!!!ВАЖНО ВАЖНО ВАЖНО ПРОМЕНА НА ТЕРМИНИТЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБУКИТЕ ЗА КПУ ВО ШТИП И ПРИЛЕП!!!

Почитувани колеги,
На ваше барање Рафајловски Консалтинг направи промена на термините за одржување на обуките за КПУ во ШТИП и ПРИЛЕП.
Новите термини за одржување на обуките во ШТИП и ПРИЛЕП се:

ОБЈАВЕНО НА 29.01.2019 ГОДИНА

 

Преглед на коефициенти за ревалоризација на долгорочни средства за 2018 година

Во прилог Ви ги доставуваме коефициентите за ревалоризација за 2018 година со цел да ги информираме непрофитните организации и буџетите и буџетските корисници кои имаат обврска да пресметуваат ревалоризација.

ОБЈАВЕНО НА 22.01.2019

 ПОДАТОЦИ ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС ЗА ЈАНУАРИ 2019 ГОДИНА

Согласно соопштението на ДЗС број 4.1.19.07 од 22.01.2019 година индексот на просечната...

ОБЈАВЕНО НА 22.01.2019 ГОДИНА

ПРОСЕЧНА ПЛАТА ПО РАБОТНИК ВО РМ - ПОДАТОК ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПРИДОНЕСИ И МАКСИМАЛНА И МИНИМАЛНА ОСНОВИЦА

Согласно соопштението на Државниот завод за статистика просекот на плата што ќе се користи за пресметка на придонесите на плата и максималната и минималната основица во 2019 година изнесува 36.017 денари... 

Објавено на 10.01.2019 година

Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2019 година

Владата на РМ донесе одлука со која ја утврди вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2019 година.

Вредноста на бодот за пресметување на на платите на државните службеици за периодот од 01.01.2019 година до 31.08.2019 година изнесува 77,24 денари, а за периодот од 01.09.2019 година до 31.12.2019 година изнесува 81,10 денари.

Одлуката е објавена во „Службен весник на РМ“ бр.4/2019


ОБЈАВЕНО НА 08.01.2019 ГОДИНА

 

АКОНТАЦИЈА ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ ДЕКЕМВРИ 2018 ГОДИНА

Процентот на кумулативниот пораст на цени на мало за месец Декември 2018 година изнесува 2.7%. Врз основа на наведеното месечната аконтација за месец Декември 2018 година се утврдува во висина од 1/12 од годишната даночна обврска утврдена во Даночниот биланс за 2017 година зголемена за 2.7%.

ОБЈАВЕНО НА 03.01.2019

НОВА РЕФЕРЕНТНА СТАПКА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА КАЗНЕНА КАМАТА

НБРМ ја објави новата референтна стапка за пресметување на стапката на казнената камата за периодот од 01.01.2019 до 30.06.2019 година која изнесува 2,50%...

Објавено на 03.01.2019 година

 

Алатка за пресметка на нето и бруто плата за 2019 година

Рафајловски Консалтинг изготви алатка за пресметка на нето и бруто плата за 2019 година согласно новиот начин на оданочување со данокот на личен доход.

Алатката можете да ја преземете на следниот линк: (преземи)

1