ЗАБРАНА ЗА ПЛАЌАЊЕ НА СТОКИ И УСЛУГИ СО ГОТОВИНА ВО ИЗНОС ОД 500 ЕВРА ИЛИ ПОВЕЌЕ

Почитувани,

Ве потсетуваме дека согласно член 182 став 2 од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам кој е објавен во „Службен Веник на РМ“ број 120/18, од 1 јуни 2019 година се забранува плаќање со готовина на стоки и услуги во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.