РЕФЕРЕНТНА СТАПКА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА СТАПКАТА НА КАЗНЕНА КАМАТА ОД 01.07.2019-31.12.2019 ГОДИНА

Почитувани, 

НБРСМ ја објави новата референтна стапка за пресметување настапката на казнената камата за периодот од 01.07.2019 до 31.12.2019 година која изнесува 2,25%.

Врз основа на тоа:

  • Стапката на казнената камата во денари помеѓу трговските договори и договорите помеѓу трговци и лица на јавното право, изнесува 12,25% и,
  • Стапката на казнената камата во денари во договорите во кои барем едно лице не е трговец, изнесува 10,25%.