ПРЕДЛОГ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ

Почитувани,

Во Собраниска процедура влегоа предлог измени и дополнувања на Законот за вршење на сметководствени работи.

Со предлог измените и дополнувањата се:

1. Укинува обврската за полагање на испит за проверка на знаењето;

2. Се дава обврска на Институтот на сметководители и овластени сметководители до 30.06.2020 да ги преведе МСФИ и МСФИ за МСЕ;

3. Во завршни и преодни одредби се утврдуваат потребниот број на часови за обука за КПУ за сметководителите и овластените сметководители кои започнале со посета на обуки за континуирано професионално усовршување и тоа:

Сметководител, односно овластен сметководител кој започнал со посета на часови за континуирано професионално усовршување во календарската 2017, 2018 или 2019 година ќе се смета дека го исполнил бројот на часови за континуирано професионално усовршување за периодот од три години доколку посети 80% од бројот на часовите или 48 часови за сметководител односно 72 часови за овластен сметководител, и тоа:

  • до 31 декември 2019 година за сметководител, односно овластен сметководител кој започнал со посета на часови за континуирано професионално усовршување во календарската 2017 година,
  • до 31 декември 2020 година за сметководител, односно овластен сметководител кој започнал со посета на часови за континуирано професионално усовршување во календарската 2018 година и
  • до 31 декември 2021 година за сметководител, односно овластен сметководител кој започнал со посета на часови за континуирано професионално усовршување во календарската 2019 година.

Предложените измени и дополнувања можете да ги погледнете на следниот линк (преземи)