ПРЕДЛОГ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА

Почитувани,

Во Собраниска процедура влегоа предлог измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка

Со предлог измените и дополнувањата се:

  1. Одлага рокот за доставување на Извештајот за трансферни цени. Со предложените измени рокот за достава на извештајот е 30.09 во тековната година за претходната година.
  2. Се укинува обврската за изготвување и доставување на Извештај за трансферни цени за трансакции помеѓу поврзани лица резиденти на Република Северна Македонија како и на обврзниците кои во текот на годината оствариле вкупен приход во износ од 300.000.000 денари.
  3. Се допрецизира кои непрофитни организации не се обврзници за данок на добивка
  4. Во делот на непризнатите расходи се додаваат и надоместоците за практикантска работа и надоместоците за практична обука на ученици и практична настава на студенти исплатени над пропишаните износи.
  5. Даночен кредит при пресметка на амортизација и др измени.

Предложените измени и дополнувања можете да ги погледнете на следниот линк (преземи)