ПРАВИЛНИК ЗА ТЕХНИЧКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ И НАЧИНОТ НА КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАТИВНИОТ СОФТВЕР ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ ОД ФИСКАЛНАТА СМЕТКА И МОБИЛНАТА ИЛИ ДЕСКТОП АПЛИКАЦИЈА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА СТОРНИРАНАТА ФИСКАЛНА СМЕТКА И СТОРНАТА СМЕТКА

Почитувани,

Во "Службен весник на РСМ", број 195/19, Министерството за финансии врз основа на член 6 став 3 и член 7 став 4 од Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица "Службен весник на РСМ", број 133/19 го донесе и објави Правилникот за техничките карактеристики и начинот на користење на апликативниот софтвер за пријавување на податоците од фискалната сметка и мобилната или десктоп апликација за пријавување на сторнираната фискална сметка и сторната сметка.

Со овој правилник се пропишуваат техничките карактеристики и начинот на користење на апликативниот софтвер за пријавување на податоците од фискалната сметка и мобилната или десктоп апликацијата за пријавување на сторнираната фискална сметка и сторната сметка.

Правилникот можете да го преземете на следниот линк (преземи)