ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ПРЕСМЕТКА НА ИЗНОСОТ ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ И ПОСТАПКАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРИДОНЕСИТЕ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ПО ОСНОВ НА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА

Почитувани,

Во „Службен весник на РСМ“ бр.244, Министерството за труд и социјална политика го објави Правилникот за начинот на пресметка на износот за субвенционирање и постапката за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на платата кој се носи согласно Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата.

При поднесување на МПИН пресметката до УЈП од страна на обврзникот за пресметка и уплата на придонесите се означува вработеното лице за кое се бара субвенционирање на придонесите со внесување на шифрата 404 во полето 3.23 од клиентскиот софтвер.

Со почит,
Рафајловски Консалтинг ДОО