ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИНОТ НА ПРЕСМЕТКА И УПЛАТА НА АКОНТАЦИИТЕ НА ДАНОКОТ НА ДОХОД, ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ДОСТАВУВАЊЕ И ОДОБРУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ПРЕСМЕТКА ЗА ДОХОД И ДАНОК

Почитувани,

Во „Службен Весник на РСМ“ бр.132/19, Министерството за финансии врз основа на член 85 став (8), член 88 став (5) и член 89 став (2) од Законот за данокот на личен доход „Службен весник“ на РМ бр.241/18 го донесе и објави Правилникот за начинот на пресметка и уплата на аконтациите на данокот на доход, формата и содржината и начинот на доставување и одобрување на електронската пресметка за доход и данок.

Со овој правилник се пропишува начинот на пресметка и уплата на аконтациите на данокот на доход, формата и содржината и начинот на доставување и одобрување на електронската пресметка за доход и данок на исплатувачот од членот 84 од Законот за данокот на личен доход, обврзникот кој во текот на годината остварува доход кој подлежи на оданочување врз основа на Законот и обврзникот-нерезидент.

Правилникот можете да го преземете на следниот линк (отвори)