ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ

Почитувани,

Во „Службен Весник на РСМ“ бр.111/19 се објави измена и дополнување на Правилникот за спроведување на Законот за данокот на додадена вредност.

Со измените и дополнувањата се додава нов став во членот 3 - доказ за извршен извоз кој гласи:

„При извоз во рамките на извозната царинска постапка со употреба на техника за електронска обработка на податоци, доказот за извршен извоз се обезбедува преку електронска порака IE599 - Известување за извоз која надлежниот царински орган му ја испраќа на декларантот или на неговиот застапник“.

Дополнително во членот 3 се менува став 2 кој станува став 3 и гласи:

„При извоз во рамките на извозната царинска постапка кога не се употребува техника за електронска обработка на податоци, туку се применува Единствениот царински документ (ЕЦД), доказот за извршен извоз се обезбедува преку извозна потврда внесена на третиот примерок од ЕЦД. Доколку по завршување на извозот, стоката се превезува во транзитна постапка, доказот за извршен извоз се обезбедува преку извозна потврда внесена на третиот примерок од ЕЦД од страна на надлежниот царински орган, по добивање на електронска порака со која се потврдува дека стоката го напуштила царинското подрачје или откако ќе се прими петтиот примерок од ЕЦД.“

Правилникот можете да го преземете на следниот линк (преземи)