ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА ОБРАЗЕЦОТ НА ПРЕСМЕТКАТА НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБА ОД АКУМУЛИРАНА ДОБИВКА

Почитувани,

Во „Службен весник на РСМ“ бр.216, Министерството за финансии го објави правилникот кој ја пропишува формата и содржината на образецот за пресметка на данокот на добивка за покривање на загуба од акумулирани добивки ДД-ПЗ.

Овој образец се носи согласно член 21 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка објавен во („Службен весник на РМ“ бр.248/18).

Согласно овие измени и дополнувања, Даночните обврзници кои ќе извршат покривање на загубите, коишто се направени по 2013 година (2014 - до важење на одредбите на постојниот закон), од акумулираните добивки остварени во периодот од 2009-2013 година кога беа ослобдени од обврската за плаќање на данок на нераспределена добивка, имаат обврска да пресметаат и платат данок на добивка.

Образецот можете да го преземете на следниот линк (преземи)