Правилник за формата и содржината на извештајот за трансферни цени, видовите методи за утврдување на цената на трансакцијата во согласност со принципот „дофат на рака“ и начинот на нивна примена


Почитувани,

Во „Службен весник на РСМ“ бр.59/19 се објави Правилник за формата и содржината на Извештајот за трансферни цени, видовите методи за утврдување на цената на трансакцијата во согласност со принципот на „Дофат на рака“ и начинот на нивна примена.

Согласно член 12-а од Законот за данокот на добивка „Службен весник на РМ“ бр.112/14...248/18 сите обврзници кои во текот на годината оствариле вкупен приход во износ над 60.000.000 денари и кои имаат деловни или финансиски трансакции со поврзани лица, се должни да приложат
извештај за трансферни цени со поднесувањето на даночниот биланс.

По исклучок, обврзникот поднесува извештај во скратена форма со поднесувањето на даночниот биланс, доколку вкупната вредност на трансакциите со поврзаните лица во текот на годината не надминува 10.000.000 денари или доколку има транскации само со поврзани лица резиденти на Република Македонија.


Даночните обврзници кои во текот на годината имаат трансакции со поврзани страни, а немаат остварено вкупен приход во износ над 60.000.000 денари, немаат обврска да составуваат и доставуваат Извештај за трансферни цени.

Правилникот можете да го преземете на следниот линк (преземи)