ОВОЗМОЖЕНО ОТВОРАЊЕ СМЕТКИ КАЈ СТРАНСКИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ СЕРВИСИ ЗА ТРАНСАКЦИИ ЗА КОМЕРЦИЈАЛНИ ЦЕЛИ

Почитувани,

Советот на Народната Банка на ден 29.08.2019 година донесе Одлука за изменување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со измените се овозможува граѓаните и компаниите да отвораат и да имаат сметки кај сите странски електронски сервиси за платежни трансакции што ќе ги овозможат своите услуги за резиденти од нашата земја.

Соопштението за донесените Одлуки од страна на Советот на Народна Банка можете да го погледнете на следниот линк (отвори соопштение).