Објавено на 10.01.2019 година

Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2019 година

Владата на РМ донесе одлука со која ја утврди вредноста на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2019 година.

Вредноста на бодот за пресметување на на платите на државните службеници за периодот од 01.01.2019 година до 31.08.2019 година изнесува 77,24 денари, а за периодот од 01.09.2019 година до 31.12.2019 година изнесува 81,10 денари.

Одлуката е објавена во „Службен весник на РМ“ бр.4/2019