Почитувани комитенти!

 

Празници се ближат!!!

Како безвременската реклама на Кока Кола, така и Јас во името на Рафајловски консалтинг, сакам да Ви посакам пред се Многу здравје, Многу насмевки, животна радост и успеси во Новата година, а воедно да ги поминете празниците така како што посакувате и како што Вам најмногу Ви одговара.

Ја испраќаме старата и се надеваме на подобро во Новата година, пред се од аспект на нашето работење, нашата струка од која сите ние живееме, секојдневно се бориме со постојаните препреки, да ни донесе повеќе мир, повеќе спокојство и на крајот долго посакуваното средување на односите во нашиот Институт и цврсто зачекорување нанапред за да ги постигнеме целите, желбите, кои треба да ни донесат подобра иднина и чувство на гордост дека припаѓаме на овој занает - сметководствениот!

Професионалците, како и секогаш, треба од срце да го работат тоа што најдобро го знаат, па така и ние соодветно на периодот ова последно предновогодишно списание го започнуваме со Сметководствениот третман на разликите по пописот и во таа насока продолжуваме со расходување на опрема и ситен инвентар од сметководствен и даночен аспект.

Од даноците, се што е ново за регистрација и дерегистрација на даночните обврзници од аспект на ДДВ, ДДВ пријавата за последниот даночен период во 2019 година, за да завршиме со даночните ослободувања за донациите во спортот согласно член 30-а од Законот за данокот на добивка.

Платите и надоместоците како и начинот и постапката за користењето на правото за субвенционирање на придонесите е детално објаснето согласно Новиот Закон за субвенционирање на придонесите кадешто за активните субјекти од приватниот сектор и редовните исплаќачи на плата е овозможено субвенционирање на придонеси за раст на плата од 600 до 6.000 денари во период од три години.

Работните односи ги обработуваме од аспект на прераспределбата на работното време и како и секогаш не ги забораваме ниту банките и штедилниците, ниту осигурителните компании каде што ги опфаќаме со книжења на разликите по попис. За буџетите и буџетските корисници, исто така го обработуваме пописот кадешто е даден начинот на книжењата на разликите констатирани со пописот.

На крајот завршуваме со непрофитните организации согласно времето во кое се наоѓаме и повторно со напис за книжења на разликите по попис кај истите.

И на крајот од срце:

 

СРЕЌНА НОВА 2020 ГОДИНА!!!.

 

Со почит,

Др. Горан Рафајловски