Почитувани комитенти!

 

Годината изминува, а ние упорно се трудиме да го додржиме чекорот кој ни го наметнува секојдневието. Секојдневната борба за подигнување на сопствените стандарди, а со тоа и подигнување на професионалното ниво е трка која ние најсурово си ја наметнуваме на самите себе.

 

Оттаму ако ништо друго барем секојдневието ни е различно проткаено со илјадници проблеми и решенија до кои ние мораме да дојдеме како пред се би Ви одговориле и Вам, а и себеси би се изградиле уште подобри и постручни консултанти за Вашите потреби.

 

Меѓу другото и војуваме еве веќе 30 години за подигнување на нивото на нашта струка од која сите ние живееме, се градиме во животот и постигнуваме победи, а поразите ги користиме за да научиме нешто ново!

 

Еден дел од тоа што сме е и нашето списание Репрезент кое го одржуваме на исклучително високо ниво десетици години, па и ова го започнуваме пред се со сметководствена тема, а тоа е: Вонбилансната евиденција и обврските за нејзиното водење како и за нејзиното значење. Продолжуваме со реекспорт и транзитни работи од сметководствен и даночен аспект, пријавување на сторнирана фискална сметка и сторно сметка од новиот апликативен софтвер, оспорување на правни зделки од страна на Управата за јавни приходи и завршуваме со пренесување на обврската за ДДВ на примателот за промет во градежништвото.

 

Платите и надоместоците од плата ги обработуваме низ призмата на доброволното здравствено осигурување, како и новиот предлог Закон за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување поради зголемување на платата.

 

Од работните односи ја обработуваме темата на престанок на договорот за вработување.


Никогаш не ги забораваме ниту банките ниту пак буџетските корисници. За банките ја обработуваме темата на капиталот и обврските на банките наспрема истиот, а за буџетските корисници ја обработуваме темата на расходување постојани средства и нивниот сметководствен и даночен третман кај буџетските корисници.

 

Да Ви посакам сила, како и здравје зошто кога се менува летото со есента многу често започнуваат најголемите промени во природата кои кај нас делуваат на здравје, а со тоа директно и на секојдневната насмевка што ни е потребна за да животот го поминеме онака како што и самите посакуваме.

 

Со почит,

Др. Горан Рафајловски