Почитувани,

Во „Службен весник на РСМ“ бр.239 од 19.11.2019 година се објави новиот Закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата како и измените и дополнувањата на Законот за минимална плата во РСМ.


Износот на минимална плата кој ќе се исплаќа започнувајќи со платата за месец декември 2019 година заклучно со платата за месец март 2020 година се утврдува во нето износ од 14.500 денари.

Законот за субвенционирање на придонесите можете да го преземете на следниот линк (преземи)

Измените и дополнувањата на Законот за минимална плата во РСМ можете да ги преземете на следниот линк (преземи)