НОВ ЗАКОН ЗА ПРАКТИКАНТСТВО

Почитувани,

Во „Службен Весник на РСМ“ бр. 98/19 се објави Нов Закон за практикантство.

Новиот Закон ги уредува правата и обврските на практикантот и работодавачот и обезбедува поволности за двете страни како што се:

  • невработените лица, со практикантската работа, да си ги подобрат вештините и квалификациите за побрзо и поуспешно вработување,
  • на работодавачите им се олеснува изборот на работници по завршената практикантска работа, а за времетраењето на истата освен надоместок за извршената работа и данок на личен доход, работодавачот нема обврска за плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување.

Практикантската работа се обезбедува по пат на јавен оглас и може да трае од 1 до 6 месеци со склучување на договор за практикантска работа.

Законот влегува во сила и примена на 29 Мај 2019 година.