Нов износ на минимална плата за период Април 2019 - Март 2020 година

Почитувани,

Во „Службен весник на РСМ“ бр.59/19 Министерството за труд и социјална политика го објави новиот износ на Минимална плата согласно Законот за минимална плата кој ќе се исплаќа за период Април 2019 заклучно со платата за месец Март 2020 година.
Износот на минималната плата во бруто износ изнесува 17.943 денари.