НАСОКИ ЗА НАЧИНОТ НА ПОДГОТОВКА НА МПИН ПРЕСМЕТКА ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧ ЗА ЛИЦА НА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА СО НЕПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ

Почитувани,

Управата за јавни приходи на својата веб страна објави насоки за начинот на подготовка на МПИН пресметка од страна на работодавач за лица на практикантска работа со неполно работно време.

Соопштението можете да го погледнете во прилог:

Согласно одредбите на Законот за практикантство, работодавачот може да склучи договор за практикантска работа на полно или неполно работно време во зависност од потребата и волјата на договорените страни.

За пополнувањето на МПИН пресметката од страна на работодавачот за лице на практикантска работа со неполно работно време, во поле 3.17 потребно е да се внесе ШИФРАТА ЗА ВИД НА СТАЖ 6666 – лице практикант со неполно работно време.