ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОБРА И УСЛУГИ ПО ПОВЛАСТЕНА ДАНОЧНА СТАПКА

Во "Службен весник на РСМ", број 174/19 објавена е Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност со која се:

  • менува точката 7 од член 2 став 1 за лекови вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина; и
  • се додава нова точка 16: Топлинска енергија за греење. Под топлинска енергија за греење се подразбира топлинската енергија која што се испорачува од систем за дистрибуција на топлинска енергија со којашто управува носител на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија.

Одлуката се применува од 25 Август 2019 година.

Прилог: Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност